Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“, гостин едно од најголемите имиња во македонската фудбалска историја, Бобан Бабунски.
Поранешниот македонски репрезентативец, но потоа и селектор на сениорската и младата репрезентација на Македонија, меѓу другото, се потсети и на вицешампионската европска титула со поранешна Југославија.
Малкумина знаат дека Бабунски беше стандарден член на младата репрезентација на Југославија која во 1988 година до европската вицешампионска титула. Југославија тогаш, со генерацијата на Шукер, Мијатовиќ, Бобан, Јарни…, во финалето загуби од селекцијата на СССР.
„Таа генерација претходно, го освои и Светското првенство 1987 во Чиле, но јас не играв таму. После тоа се случи ова што го кажавте, повторно на европскиот шампионат успеавме да стигнеме до финале. Буквално таа генерација веќе беше спремна да освојува титули. Беше една од најдобрите во Европа и пошироко. Веќе ја освои светската титула. Потоа стигна до финале на европското првенство и некако се спремаше да се вклучи во А селекцијата. Тоа беше генерација која доаѓаше по онаа на Пикси, нашиот Дарко, на Савичевиќ… Југославија имаше стратегија како да создава генерации, како да ги вклучи во работата со А селекција“ – се потсетува Бабунски.
ЦЕЛАТА ЕПИЗОДА НА СПОРТСКИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ ГЛЕДАЈТЕ ЈА ТУКА…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
