НОВА ЕПИЗОДА ОД СПОРТСКИОТ ПОДКАСТ НА ЕКИПА – „ПРЕСИНГ“ – Со едно од најголемите имиња на македонскиот фудбал, членот на златната вардарова генерација од 1987 година, но и дел од незаборавната млада репрезентација на Југославија – БОБАН БАБУНСКИ.
Детална анализа на досегашните случувања на Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико, но и за богатата играчка кариера, за шампионската титула со Вардар од 1987, за европската вицешампионска младинска титула со Југославија но и забраната од Вардар да патува на Светското првенство 1987 во Чиле.
РАЗГОВОРИ ЗА…
- Досегашните натпревари на Светското првенство 2026… Дали фаворитите ги оправдаа очекувањата?
- Мундијал во знакот на најголемите ѕвезди – Мбапе, Меси, Роналдо, Халанд, Винисиус Жуниор…
- Колку сме среќни што живееме во ерата на Меси и Роналдо?
- За актуелниот формат со 48 репрезентации, и најавената можност во иднина да биде и со 64 репрезентации!?
- Како Балканот остана на само две репрезентации учеснички…?
- Каде е Македонија на картата на светскиот фудбал… Колку сме блиску или далеку од пласман на Мундијал?
- Беше на чело на сениорската селекција на Македонија, но и на чело на младата репрезентација во периодот од 2009 до 2014 токму пред најголемиот нејзин успех во 2017 година.
- За вардаровата титула од 1987 година и онаа генерација на Панчев, Најдоски, Станојковиќ, Јаневски, Савевски, Канатларовски…?
- За освоената европска вицешампионска титула со младата репрезентација на Југославија
- Како остана без настап на СП 1987 во Чиле со извонредните Мијатовиќ, Шукер, Бобан, Просинечки, Јарни… кои дојдоа до светската шампионска титула
- За својата најголема гордост, синовите Давид и Доријан кои исто така, како и својот татко дојдоа до македонскиот репрезентативен дрес
ГЛЕДАЈТЕ ГИ И ПРЕТХОДНИТЕ ЕПИЗОДИ НА СПОРТСКИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“….
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
