НОВА ЕПИЗОДА ОД СПОРТСКИОТ ПОДКАСТ НА ЕКИПА – „ПРЕСИНГ“ – Со две имиња кои повеќе од 20 години се незаборавен дел од македонската кошарка – НЕНАД ЗИВЧЕВИЌ и ТОНИ ГРНЧАРОВ.
Многу смеа, многу анегдоти, многу иронични прозивки но максимално сериозно извлечени поенти кога е во прашање македонската кошарка – и за онаа од минатото но и за онаа која во иднина не очекува.
РАЗГОВОРИ ЗА…
- Како Ненад Зивчевиќ сега се чувствува како кошаркарски пензионер?
- Што прави сега поранешниот директор на МЗТ Скопје, Тони Грнчаров… Како би го споредил нивото на мак—баскетот сега со времето кога играше, па потоа и со времето кога беше директор?
- Кој е најдобриот тренер со кој Зивчевиќ и Грнчаров имаат работено, од аспект на кошаркарско знаење, но и комуникација со играчи?
- Грне, беше капитен на првата шампионска генерација на МЗТ Скопје, после толку многу чекање, загубени финалиња, за да дојде тоа славно финале со Фени Индустри…., а Зивче беше дел од МЗТ Скопје во периодот кога аеродромци се соочуваа со најголемата криза, кога клубот едвај опстануваше.
- Главен проблем во мак-баскетот се парите, особено оние што се должат… Како е можно некој тренд што постоел пред 15-20 години сега не само да не исчезне, туку да биде уште поголем проблем?
- Како Грнчаров гледа на проблемот со финансиите во македонската кошарка, од аспект на функционер?
- Зивчевиќ за оние неколку успешни сезони во различни земји на Истокот… Каде беше најдобро, а каде најчудно за живот и за игра?
- Како е да се игра за шеици кои тешко дека подлабоко ја разбираат кошарката?
- Ненад Зивчевиќ никогаш не заигра за Македонија? Дали проблем беше што своевремено беше член на младинската репрезентација на Југославија која во 2003 стана европски првак или нешто друго?
- Во таа генерација Зивчевиќ имаше врвни соиграчи, еден од нив и Милош Теодосиќ, кој потоа прерасна и во еден од најголемите ѕвезди на европската кошарка…
- И двајцата се од спортски семејства… Како Тони од семејството Грнчаров прв тргна кон кошарката, наспроти фудбалот…
-
Кој е најдобриот совет кој Ненад Зивчевиќ кој го добил од својот татко, исто така прославен македонски кошаркар Воислав Зивчевиќ?
=============================================
Заследи го нашиот Јутјуб-канал за сите следни епизоди =============================================
ГЛЕДАЈТЕ ГИ И ПРЕТХОДНИТЕ ЕПИЗОДИ НА СПОРТСКИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“….
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
