Пресуда: Биелса остана со празни раце, па треба и да плати 300.000 евра

Марсело Биелса излезе како голем губитник од правната битка со Лил откако судот во Франција донесе пресуда против аргентинскиот стратег, целосно отфрлајќи ги неговите барања.

Биелса беше отпуштен од Лил поради заминување во Аргентина без клупска согласност, поради што тренерот со прекар „лудак“ го тужеше овој клуб, барајќи 12,9 милиони евра за платите што му следуваа до крајот на договорот, и уште пет милиони евра како компензација за нарушениот имиџ. Судот не само што не ги прифати неговите аргументи и ја отфрли тужбата, туку и донесе одлука Биелса да плати 300.000 евра плус камата на Лил.

Адвокатите на тренерот најавија тужба, но јасно e дека  поранешниот аргентински селектор излегува како голем губитник од оваа француска авантура.

Се вчитува...