Ели Вахи сепак доби дозвола за влез во Канада и ќе може да игра за Брегот на Слоновата Коска против Германија во второто коло од Светското првенство.
Напаѓачот на Брегот на Слоновата Коска и Ница се најде во центарот на вниманието кога во среда беше откриено дека бил приведен пред Светското првенство и дека против него се води постапка во Франција под сомнение за учество во обложување, или поточно дека намерно добил жолт картон.
Ели Вахи одигра 56 минути во првото коло во победата на Брегот на Слоновата Коска од 1-0 над Еквадор, а во четврток се појави вест дека не му е дозволено да влезе во Канада.
Фудбалската федерација на Брегот на Слоновата Коска ја информира јавноста за промената на одлуката:
„Фудбалската асоцијација на Брегот на Слоновата Коска ја информира јавноста дека административната ситуација на нашиот играч Ели Вахи е успешно решена. Потребната дозвола за неговиот влез во Канада сега е издадена и тој ќе може слободно да патува со националниот тим и да продолжи нормално да се натпреварува со своите соиграчи. Задоволни сме од овој исход и им сме благодарни на различните страни кои придонесоа за тоа“, стои во соопштението на Фудбалската федерација на Брегот на Слоновата Коска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
