Пресврт: Гасперини останува на чело на Аталанта

Џампјеро Гасперини ќе остане на чело на Аталанта и во наредната сезона, откако искусниот стратег постигна договор за продолжување на соработката со калчолигашот од Бергамо.

Во текот на сезонава во неколку наврати се пишуваше за конфликт меѓу Гасперини и членови на управата, а овој стратег летово беше поврзуван со тренерските места во Наполи и во Јувентус. Сепак, последната средба на двете страни вроди со плод, откако и американските и италијанските ко-сопственици, семејствата Палјука и Перкаси, се согласиле дека тренерот одлично си ја работи својата работа, давајќи му одврзани раце и за наредната сезона.

За потсетување, Гасперини седум години е на чело на Аталанта, во шест од нив успевајќи да обезбеди излез во фудбалска Европа. Тимот од Бергамо сезонава се пласираше на петтото место во Серија А, обезбедувајќи место во групната фаза од Лигата на Европа.

Се вчитува...