Пресврт: Левандовски може да игра утре против Еспањол

Роберт Левандовски ќе го предводи нападот на Барселона на утрешното градско дерби против Еспањол, откако големиот ас доби „привремено помилување“ по црвениот картон заработен на последниот меч со Осасуна за кој му беше изречена суспензија од три натпревари.

Обидот за жалба на Барса до фудбалската федерација беше одбиен, но каталонскиот гигант испрати нова жалба до Спортскиот Трибунал во Шпанија. Овој трибунал се уште нема заседавано за да го разгледа барањето на каталонскиот гигант, но првичната изречена санкција не може да стапи на сила до моментот на одлука на Спортскиот Трибунал.

Така, Левандовски дефинитивно ќе може да настапи на утрешниот дуел со Еспањол, а доколку му биде изречена санкција, таа ќе почне да се брои од наредниот натпревар што Барселона ќе го игра со Атлетико Мадрид.

Се вчитува...