Пресврт: Наместо за Барселона, играчот на Сити потпишува за Милан

Пресврт со ситуацијата со Илкај Гундоган. Играчот од средниот ред иако беше пред трансфер во Барселона, сепак , на крајот може да го облече дресот на Милан. Наводно „росонерите“ веќе биле во завршни преговори и Германецот би требало после финалето на ЛШ да се пресели во таборот на доскорашниот италијански првак.

Веќе беше извесно дека Барселона има договор со играчот од средниот ред на Манчестер Сити. Меѓутоа Чави вчера изјави дека е проблематично што фудбалерот и натаму е под договор и дека не е слободен.

Сето тоа може да го искористи Милан, и да дојде до потписот на германскиот фудбалер. Играчот ќе одлучи каде ќе оди после финалето на ЛШ против Интер на 10. јуни.

Се вчитува...