Пресврт: Несторовски се договорил со Козенца

И покрај тоа што беше блиску до потпис со Тернана, Илија Несторовски наводно постигнал договор со Козенца. Според италијанските медиуми, тимот и играчот веќе се договориле за плата од 200.000 евра, плус бонуси за договор до 2024 година. Со тоа сега Козенца избива во преден план за потписот на македонскиот репрезентативец.

Договорот со овој тим ќе содржи и автоматско продолжување, доколку бидат исполнети тимски цели, односно настапи и голови на Македонецот во овој тим. Најверојатно идната недела Несторовски ќе биде промовиран во новиот тим.

Доколку се случи нешто непланирано и доколку пропадне трансферот, Тернана и Палермо остануваат како опции за следната дестинација на напаѓачот.

Се вчитува...