Пресврт победа на Димитријевиќ и Уникс против Нижни во ВТБ

Уникс Казањ и Ненад Димитријевиќ ја продолжи победничката низа во ВТБ лигата откако во првиот натпревар од победничката фаза во драматичен меч славеа со 86-85 против Нижни. Домаќинтие имаа негатива во поголемиот дел од мечот, а до пресвртот стигнаа со убедлива игра во последната четвртина.

Во неа стигнаа успеаја негативата од 65-72 да ја претворат во драматична завршница во која пресуди тројката на Мајкон на 7.7 секунди до крајот.

Македонскиот интернационалец натпреварот го заврши пред време со пет лични грешки, а за 24. минути поминати на паркетот реализираше девет поени (3/5 во обидите за два и 1/2 во обидите за три) и додаде и пет асистенции.

Се вчитува...