Пресврт: Вратата на Манчестер Сити е затворена за Меси!

Лионел Меси се повеќе делува како човек што се подготвува да си замине од Барселона, но негова следна дестинација нема да биде Манчестер Сити, како што се тврдеше во изминатите месеци. Ова го објави фудбалската аналитичарка Семра Хантер во анализа за „Скај Спортс“, повикувајќи се на извори од самата управа на Манчестер Сити. Иако новиот договор на Пеп Гвардиола според многумина беше окарактеризиран како најава за доаѓањето на Меси, според Хантер тоа нема да се случи.

„Вратата на Манчестер Сити е затворена за Меси. Навистина постоеше понуда во текот на летото, но сега нема да има такво нешто. Можам да кажам со сигурност, бидејќи некој што е многу упатен за ставовите на клубот ми ја пренесе информацијата, Сити нема да испрати никаква понуда за Лео Меси. Причини има две – првата се парите. Тој ќе дојде како слободен играч, но бруто-платата ќе му ја надмине сумата од 100 милиони фунти по сезона, што е огромен трошок, особено во време на криза поради коронавирусот. Втората е неговата возраст, Меси се ближи до крајот на кариерата, се уште ќе настојува да биде авторитет, но формата ќе му се движи во надолна линија“, тврди Хантер.

Доколку се реализирааат овие најави, тогаш апсолутен фаворит во трката по Меси ќе биде ПСЖ, кој следното лето речиси сигурно ќе го продаде Килијан Мбапе и ќе има и повеќе од доволно средства за да го покрие мегатрансферот на Аргентинецот.

Се вчитува...