Пресврти и драма во Монако: Колашинац го израдува Марсеј во 97 минута (ВИДЕО)

Француското дерби помеѓу Монако и Олимпик Марсеј му припадна на гостинскиот тим со гол во седмата минута од судиското надоплнување. Во меч со два пресврти, на крајот Марсеј славеше триумф од 2-3.

Санчез во 35. минута ги донесе гостите во водство, а потоа Бен Једер од пенал успеа да израмни. Фоланд во 72. минута донесе пресврт за Монако, но Верету не го „предаде“ Марсеј и го врати во игра.

Колашинац во 97 минута успеа да погоди и да донесе водство и победа за Марсеј. Воедно, тоа беше третиот удар кон голот на Монако и трет гол во мрежата за голема победа на екипата предводена од Игор Тудор.

Се вчитува...