Претседателот на Ла Лига сигурен: Ќе ја довршиме сезоната

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, е уверен дека шпанскиот фудбалски шампионат ќе има вистински крај и оти ќе бидат одиграни преостанатите 11 кола. Трката за титулата штотуку почна да се вжештува пред прекинот на шампионатот поради епидемијата на коронавирусот. „Ел Класико“ ривалите Барселона и Реал Мадрид се на два бода дистанца.

„Во овој момент можеби не треба да се зборува на оваа тема, но сметам дека ќе ја завршиме Ла Лига. Ќе видиме што ќе се случи утре на состанокот на УЕФА. Во контакт сум со Италија и со Германија. Многу ќе зависи и од одлуките на УЕФА, но сигурен сум дека ќе ја завршиме сезоната“ – изјави во интервју Тебас.

Во шпанскиот фудбал веќе се пријавени пет случаи на заболени од коронавирус. Сите се од Валенсија. Клубот информацијата ја објави вчера.

 

 

Се вчитува...