Претседателот на Партизан: Судијата ќе даде гол за Црвена Звезда на последното дерби сезонава

Трката за титулата во српското фудбалско првенство се повеќе зема замав, Партизан загуби уште два бода со ремито против Чукарички, па „црно-белите“ сега се наоѓаат на „минус два“ во однос на вечниот ривал Црвена Звезда.

Првиот човек на Партизан, Милорад Вучелиќ, уште еднаш се пожали на кампањата што се води против овој клуб.

„Загубивме два бода од Чукарички, но мечот беше доказ дека одамна се имаме збогувано со ферплејот во нашиот фудбал. Видете само што се случи со Саша Илиќ, тренерот на Чукарички кој стигна до бод, а потоа во изјавата призна дека неговиот тим заслужил црвен картон, а реално Партизан требало да победи. Човекот на кажа ништо погрешно, а веќе следниот ден доби отказ поради оваа изјава… тоа е се што треба да знаете за српскиот фудбал“, изјави Вучелиќ.

Трката за титулата се уште не е загубена, треба да се игра и уште едно вечно дерби меѓу големите ривали, но претседателот на Партизан не крие дека уште сега се сомнева во регуларноста на тој меч.

„Секогаш постои надеж и ние нема да се откажеме без борба, но … Ќе има и вечно дерби, но на него очекувам судијата да земе и самиот да постигне гол за Црвена Звезда. Не да се колеба, туку брате, онака силно да ја шутне топката во нашата мрежа“, прокоментира првиот човек на „црно-белите“.

Се вчитува...