Претседателот Пендаровски на видео-линија со фудбалерите кои порачаа: Победуваме, да не чекате на плоштад (ВИДЕО)

Претседателот Стево Пендаровски во очекување на историскиот натпревар на Македонија за пласман на Европското првенство следната година, имаше видео-комуникација со селекторот Игор Ангеловски и македонските репрезентативци.

Претседателот искажа отворена поддршка за целата фудбалска репрезентација, како лична така и од сите граѓани на Македонија, посакувајќи му на капитенот Пандев, селекторот Ангеловски и останатите репрезентативци среќа на вечерашниот дуел и во Скопје да се вратат со победа и во добро здравје.

А, од репрезентативците доби ветување дека ќе победата вечерва во Тбилиси па очекуваат потоа и пречек на плоштадот во Скопје.

Се вчитува...