„Преуверениот“ Влаховиќ на крајот може да остане без трансфер

Душан Влаховиќ е еден од најинтересните фудбалери за европските гиганти. Српскиот интернационалец блесна во дресот на Фиорентина каде ја продолжи одличната форма од претходната сезона и во новата во која 16 пати ја тресеше противничката мрежа на 19 одиграни средби во Серија А.

Врвната форма на 21-годишникот го примами интересот на „пола Европа“ па се неговите услуги се очекуваше голема битка во јануари, но на крајот преувереноста може да го остави без посакуваниот трансфер.

Имено како што пренесуваат англиските медиуми неговите барања од 200 илјади фунти неделна плата ќе ги оддалечи Манчестер Сити, Челси и Арсенал од трката, а се помала е веројатноста дека барањата ќе ги прифати Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...