Прибетиќ: Премногу промашивме, но не е крај на светот…

Во таборот на Охрид владее разочарување по синоќешниот пораз од Пелистер, и тоа на домашен терен во клучниот натпревар за освојување на второто место во Супер-лигата.

Хрватот Џанфранко Прибетиќ им ја честиташе заслужената победа на битолчани, причините за поразот на својот тим насочувајќи ги кон слабата реализација во нападот.

„Пред се би сакал да им честитам на ракометарите на Пелистер за победата што ја заслужија. Мораме да се погледнеме во очи и да признаеме, заслужено загубивме, ние премногу промашивме, премногу чисти ситуации, работите не одеа онака како што посакувавме. Секако, не е крај на светот, има уште да се игра до завршувањето на сезонава“, вели Прибетиќ.

А Охрид го очекува најголемиот предизвик, големото финале од ЕХФ Европскиот куп во кој „сино-белите“ за противник ќе ја имаат Татабања од Унгарија.

„Нас не чека големото финале, мораме да се кренеме по овој пораз, да останеме сите заедно и да одиме да го освоиме тој пехар. Не смееме да потонеме поради овој пораз од Пелистер, мораме да останеме со ладни глави, одиме во Унгарија да дадеме се од себе“, истакнува хрватскиот пивот во редовите на Охрид.

Се вчитува...