Прием на младите кошаркари во МКФ, бронзен медал и за Наумоски

Кадетската репрезентација на Македонија денеска беше примена воо МКФ од страна на претседателот Петар Наумоски, по огромниот успех на ЕП во Сараево и пласманот во А дивизијата за кошаркари до 16 години.

Наумоски не го криеше задоволството и гордоста од одличниот резултат, честитајќи им на младите кошаркари и на членовите на стручниот штаб за огромниот успех со кој македонската кошарка полека, но сигурно се враќа поблизу до елитата, и тоа од најмлади категории.

Селекторот Јованчев му врачи и подарок на Наумоски, еден од бронзените медали што македонската национална селекција го доби на шампионатот во Сараево.

Се вчитува...