Прифатена оставката на Цветковски, МКФ ќе има в.д.комесар

Владимир Цветковски од денеска повеќе не е Комесар за натпреварување при МКФ откако беше прифатена неговата оставка поднесена по завршувањето на Купот на Македонија. Тој си заминува од куќата на кошарката во пресрет на „бурата“ што следи и изборот на нов претседател, откако претходно Работнички најави и кривични пријави за сите оние кои се одговорни за стартот на Супер-лигата со клубови кои не ги платиле обврските, спротивно на одлуките на УО.

По прифаќањето на оставката на Цветковски, во пресрет на згуснатиот распоред од Супер-лигата ќе биде именуван в.в.комесар. Изборот ќе падне врз Горан Трпушевски, кој и претходно ја има извршувано оваа функција и кој ќе биде в.д. – комесар до завршувањето на сезонава.

Се вчитува...