ПРИЈАТЕЛСКИ КОШАРКА: Струмица подобра од МЗТ 2, победи и на Работнички и Еуро Никел

Најтрофејниот македонски кошаркски клуб Работнички славеше против освојувачот на купот ТФТ 93-89 во пријателски натпревар како дел од подготовките за новата сезона во мак-баскетот.

Американскиот интернационалец Крофорд постигна 23 поени, а Бакоч заврши со 19 во победничкиот тим. Кај ТФТ, прв стрелец беше Лаклан Андерсон со 19 поени.

Еуро Никел продолжи со одличните резулатати во пресрет на новата сезона, совладувајќи го Гостивар во Кавадарци со 77-72. Најефикасен во победничката екипа беше ветеранот Дарко Соколов со 20 поени, Ѓекиќ додаде 17, а Николовски 14.

Во последниот пријателски натпревар денеска новајлијата во елитата Струмица славеше над МЗТ 2 со 94-87.

Се вчитува...