Пријателски натпревар: Голден Арт КЛ7 подобар од Скопје

Голден Арт КЛ7 го совлада Скопје 2020 во израмнет натпревар со 28:27. Првиот дел му припадна на дебитантот во Првата лига, младата екипа на Скопје 2020 со резултат 11:13, но во вториот дел момците од Голден Арт КЛ7 одиграа подобро па брзо преземаа резултатска контрола со што го завршија натпреварот со победа од 28:27.
Избраниците на Игор Котевски во четврток ги очекува натпревар од елиминациската фаза во Купот на Македонија против екипата на Партизан Гевгелија, додека во истата фаза Скопје ќе игра со Младост Богданци.

Се вчитува...