ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Десет гола на тестот меѓу Гостивар и Тетекс, Осогово убедливо загуби од Трајал Крушевац

Гостивар и Тетекс одиграа натпревар со дури десет погодоци на стадионот на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид.

Пријателската пресметка на крајот заврши без победник (5-5) и покрај тоа што Тетекс имаше предност од 4-2 на 30 минути пред крајот. Гостивар до ремито дојде со гол во 88. минута.

Осогово, пак, загуби убедливо со 1-6 од српскиот Трајал Крушевац на пријателскиот натпревар кој се одигра во Пехчево.

Се вчитува...