ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Победи на Струга ТЛ, Брегалница и Македонија ЃП, реми на Победа и Борец во Прилеп

Фудбалерите на прволигашот Струга ТЛ искористувајќи ја паузата поради репрезентативните настапи славеа денеска на пријателскиот натпревар против Велешта со 2-1. Стрелци на головите за Струга ТЛ беа Берат Беќири и Дејан Цветаноски.

Штипска Брегалница славеше на пријателскиот дуел против Каменица Саса со 1-0. Стрелец на победничкиот гол за Брегалница беше десниот бек Стефан Коцев.

Македонија ЃП убедливо со 0-3 славеше против Кадино со головите на Филиповски, Попзлатанов и Личина.

Прилепска Победа и прволигашот Борец од Велес ремизираа без голови на дуелот кој се одигра во Прилеп.

Тренерите Крстески и Николоски им дадоа шанса на најголем дел од играчите кои им се на располагање за финишот од натпреварувањата во Втората лига-Исток односно Првата лига.

Се вчитува...