Пријателски натпревари: Работнички и Кожуф без голови, Пелистер подобар од Велешта

Екипата на Пелистер дојде до победа над Велешта во денешниот пријателски натпревар одигран во Битола. Битолчани успеаја со 3-1 да бидат подобри од својот противник, и да дојдат до победа во генералната проба пред вториот дел од првенството, во кој Пелистер влегува со амбиции за опстанок.

Работнички и Кожуф во пријателски натпревар во Гевгелија одиграа без голови 0-0 во последниот меч на „романтичарите“ пред почетокот на пролетниот дел од сезоната, додека Кожуф до стартот на пролетниот дел ќе одигра уште контролни средби.

Претходно Ренова со 4-2 го совлада тимот на Тетекс, а во 14 часот играат Струга против Охрид.

Се вчитува...