ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Реми на Холандија и Шпанија, Португалија си поигра со Андора, победи и на Германија, Италија и Белгија (ВИДЕО)

Холандија и Шпанија одиграа без победник 1-1 во најинтересниот натпревар од вечерашната понуда на меѓународни контроли. Шпанците поведоа преку Каналес во 19. минута, а конечните 1-1 ги постави Дони ван де Бек во 47. минута.

Португалија си поигра со Андора декласирајќи ја со 7-0. Стрелци на головите за Португалците беа на два пати Паулињо, по еднаш Роналдо, Жоао Феликс, Нето и Ренато Санчез, а автогол си постигна Гарсија. До лесна победа стигна и Италија против Естонија (4-0). Винченцо Гифро беше стрелец на два гола, а по еднаш во листата на стрелците се запиша и Бернардески и Орсолини.

Белгија по пресврт триумфираше над Швајцарија со 2-1. Гостите поведоа преку Мехмеди, а во вториот дел пресврт донесе Мичи Башуаи. Германија беше минимално подобра од Чешка со 1-0, а стрелец на победничкиот погодок беше Валдшмид.

 

 

Се вчитува...