ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Реми на Охрид и Гостивар, Каменица Саса подобра од Осогово

Фудбалерите на Охрид ремизираа со Гостивар (2-2) во првиот пријателски натпревар за време на зимските подготовки.

На дуелот кој се одигра во Охрид, домашните имаа предност од 2-1 се до последните секунди од средбата но гостиварци во самиот финиш успеаја да израмнат. Головите за Охрид ги постигнаа Целески и Кадриоски.

Каменица Саса, во пресметката на двата второлигаши од Истокот, славеше со 1-0 против Осогово.

Второлигашот Братство 07 од Житоше го победи младинскиот тим на прилепска Победа со 2-1, со головите на Зоран Котески и Александар Златевски.

Се вчитува...