ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Силекс подобар од Трајал Крушевац, Воска ремизираше со Малишева, Кит Го и Осогово одиграа без голови…

Кратовски Силекс славеше против српскиот Трајал Крушевац на пријателскиот натпревар кој се одигра во Пехчево.

Кратовци славеа со 1-0 против Трајал со голот на Саше Дуков уште во 4. минута од средбата, а на асистенција на Серафимовски.

Воска Спорт ремизираше со Малишева

Фудбалерите на Воска Спорт, на стадионот во Грашница во Охрид, ремизираше (1-1) со новиот член на Суперлигата на Косово, тимот на Малишева.

Гостите повеле на мечот, а Изаир Емини со гол од слободен удар ги постави конечните 1-1.

Кит Го и Осогово одиграа без голови

Фудбалерите на Кит Го ремизираа без голови на вториот пријателски натпревар за време на летните подготовки за новата сезона во Втората лига – Исток. Кит Го денеска на дуелот во Пехчево одигра 0-0 со екипата на Осогово.

По победата од 2-0 на првиот тест летово против Слога Виница, денеска избраниците на Емил Грнев и покрај доминацијата во текот на мечот не успеаја да го најдат патот до мрежата на противникот, за на крајот реално реми меѓу двете екипи.

Беса 1976 со „петарда“ за Кораби

Беса 1976, пак, славеше убедливо против екипата на Кораби. Алтин Лога, Џемаил Есати, Владимир Жоглев, Шериф Реџепи и Аид Беадини беа стрелци на головите за Беса.

Се вчитува...