ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Силекс загуби од Металац, Беласица го победи Кожуф

Екипата на Силекс загуби од српскиот Металац со 0-1 на првата контролна средба за време на своите подготовки во Анталија.

Силекс бил далеку подобар на терен, но откако кратовци не реализирале голем број можности противникот по една шанса во 86. минута успеа да дојде до победа.

Следниот пријателски натпревар на Силекс во Турција е на 2. февруари против Торпедо од Русија.

Струмичка Беласица, пак, славеше со 0-2 на гостинскиот тест-дуел против Кожуф.

Се вчитува...