ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Струга ТЛ убедлива со албански Кораби, Ренова подобра од Гостивар

Струга Трим Лум славеше убедливо со 4-0 (1-0) против албанскиот тим Кораби од Пешкопеја во пријателскиот натпревар кој се одигра на стадионот на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид.

Стружани победата ја најавија со еден погодок во првиот дел, а потоа во второто полувреме следеа уште три гола во мрежата на противникот.

Ренова, пак, на пријателскиот натпревар кој се одигра во Тетово славеше со 2-0 против второлигашот Гостивар. Стрелци на двата погодоци за тимот од Џепчиште беа Бојан Миовски и Реми Селмани уште во првото полувреме.

Се вчитува...