Пријателски натпревари: Вардар минимално го совлада Динамо Москва2, Воска со лекција за Борец во Велес

Вардар го оствари вториот триумф на подготовките во Анталија. Денеска Вардарци беа подобри од рускиот тим Динамо Москва 2. Четата на Никола Глигоров стигна до триумф благодарение на голот на Николов на осум минути пред крајот на средбата. Вардар претходно оствари триумф над Ска Ростов со 2-0, а загуби од Томск 1-0.

Второлигашот Воска Спорт со убедливи 0-3 го совлада составот на Борец, во генералната проба за велешкиот прволигаш пред стартот на вториот дел од сезоната. На теренот во Велес, Воска триумфираше благодарение на сите три гола во второто полувреме. Илијоски два пати стрелаше, а еднаш Емини за победа на Воска, давајќи лекција на велешкиот состав пред стартот на вториот дел од сезоната, во која Борец ќе се бори за опстанок.

Денеска пријателски натпревар одиграа и Росоман и Вардар Неготино. Росоман триумфираше со 3-1.

Се вчитува...