ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Вардар ремизираше со Беласица, победи на Пехчево со Саса и Воска Спорт со Победа

Вардар ремизираше без голови со струмичка Беласица во „генералката“ пред стартот на пролетниот дел од сезоната во второлигашката конкуренција.

Во серијата денешните пријателски натпревари на второлигашите, Пехчево на дуелот кој се одигра во Кочани славеше против Каменица Саса со 0-2. Стрелци на головите за Пехчево беа Зоран Андонов и Јонуз Рушту.

Триумф славеше и Воска Спорт со 2-3 на гостувањето против Победа во Прилеп. Гостите поведоа со голот на Фета, Победа израмни преку Мазари, по асистенција на капитенот Карчески, што беше резултат од првиот дел. Во вториот дел повторно асистент Карчески а стрелец за 2-1 Мазари, кој набрзо имаше шанса за 3-1 но одбрани Силјановски. Гостите најпрвин израмнија со гол од слободен удар на Емини, а до победата дојдоа со голот на Трпески по корнер и невнимание во домашната одбрана.

Охрид ремизираше со Кораби (1-1), а стрелец на голот за охриѓани беше Митев. Во натпревар со дури осум гола (4-4) ремизираа и Росоман и Братство 07 Житоше, како и Слога Виница и Тетекс кои одиграа 3-3.

Се вчитува...