ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Воска спорт убедлива на првиот тест, Беса 1976 триумфално против Победа

Новиот второлигаш Воска Спорт со убедлива победа од 4-0 против Братство Житоше ги почна подготовките за настапите во Втората лига – Запад во новата сезона.

Избраниците на Цицмиловиќ до триумфот дојдоа со погодоците на Изаир Емини, Богдан Велиновски, Тео Силјаноски и Бехар Фета.

Беса 1976, пак, дојде до триумф од 3-1 на пријателскиот дуел со прилепска Победа кој се одигра во Гостивар. И покрај тоа што прилепчани поведоа со голот на Бојан Спиркоски уште во 5. минута, сепак Беса 1976 дојде до победата со головите на Илас Чилафи, Алтин Лога и Шериф Реџепи.

Се вчитува...