Прилеп го освои Богданци и остана во игра за плејофот

Ракометарите на Прилеп во драматичен натпревар успеаја да триумфираат на гостувањето против Младост Богданци (), стигнувајќи до бодови со кои остануваат во игра за третото место во групата и пласман во плејофот. И покрај слабото прво полувреме, избраниците на тренерот Кузманоски одиграа далеку подобро во нападот во вториот дел, направија пресврт и стигнаа до посакуваните три бода.

Првите 30 минути ги одбележа одлична игра во одбраната на Младост, домашните ракометари целосно го контролираа резултатот и на одмор заминаа со водство од 13-9. Младост добро го отвори и вториот дел, поведе со 15-10, но потоа следеше серија одлични напади на гостинскиот тим, кој набрзина стигна до израмнување од 17-17. Во неизвесна завршница се играше „гол за гол“, а Прилеп имаше повеќе расположени ракометари во својот состав, на крајот стигнувајќи до триумф.

Чантурија беше прв стрелец и на овој натпревар со 13 погодоци, додека кај Младост најефикасен беше Мите Стоилов со девет постигнати гола.

Прилепчани со оваа победа сега имаат 13 бода, два помалку од Еурофарм Пелистер 2 во трката за третото место во групата.

Се вчитува...