Прилеп во финишот го скрши отпорот на Голден Арт за победа број седум во плеј-аутот

Прилеп ја забележа седмата победа во плеј-аутот на Суперлигата и се доближи чекор поблиску до опстанок откако во 9. коло на домашен терен славеше над Голден Арт со 26-23 благодарение на далеку подобрата игра во самата завршница на средбата.

Домаќините подобро го започнаа натпреварот, но како што одминуваа минутите од првото полувреме гостите од Скопје беа оние кои успеаја да го наметнат ритамот и на полувремето да заминат со предност од 11-13. Прилепчани не дозволија и поголема предност на Голден Арт, напротив со серија на самиот почеток на второто полувреме успеаја да изедначат (13-13), а потоа и во самиот финиш на средбата благодарние на добрата одбрана да го скршат отпорот на противникот.

Шабановиќ со седум гола беше предводник на Прилеп, а него го следеше Рајатовски со шест. Седум голови за Голден Арт постигна Милошевски, а него го следеше Ончев со четири.

Се вчитува...