Прилепчани со реми против Гоце Делчев – Пирин ги завршија подготовките во Банско

Прилепска Победа со реми (1-1) против Гоце Делчев – Пирин, член на Третата југозападна лига на Бугарија, ги заврши своите подготовки во Банско.

На последната контрола за време на подготовките во соседна Бугарија, избраниците на Зоран Штерјовски одиграа квалитетен натпревар, но откако не успеаја да искористат најмалку десет убави можности за погодок на крајот мораа да се задоволат само со 1-1.

Двата погодоци на натпреварот паднаа во првото полувреме. Откако Бугарите повеле до 14. минута со гол од пенал, во 39. минута израмнување за Победа донесе Дејан Цветаноски.

Штерјовски натпреварот со Гоце Делчев го стартуваше во следниот состав: Котевски, Најдоски, Хумбатов, Крстески, Карчески, Ј.Наумоски, Мустафов, Трајкоски, Станиќ, Цветаноски и Маневски.

Веќе вечерва експедицијата на Победа се враќа во Прилеп, по што ќе следи одмор за фудбалерите до вторник (25. јули) кога се продолжува со подготовките за стартот на новата прволигашка сезона.

Се вчитува...