Приморска банкротира – го „издрибла“ МЗТ, па се откажа од АБА1

Словенечкиот АБА-лигаш Приморска ќе стави крај на својата агонија прогласувајќи банкрот, само три месеци откако овој клуб објави дека нема да има финансиски проблеми и ги замрси сметките на МЗТ Скопје во обидот „металците“ да стигнат до место во АБА1. Приморска инситираше дека ќе биде најден спонзор што ќе ги покрие трошоците во сезоната, беше составен потпросечен тим, но клупските директори не успеаја да обезбедат ниту ваков значително намален буџет

Словенечкиот „Спортни Портал“ прв ја пренесе информацијата дека банкротот е сигурна опција. Според овие информации, мечот со Крка одигран минатиот викенд во АБА-лигата ќе биде последен во историјата на овој клуб. Се очекува во следните 48 часа одлуката да биде официјализирана, со што ќе биде ставен крај на кошаркарската приказна во Копер.

Јасно е дека Словенците до последно се надеваа и се бореа за клубот да опстане, но штета е што АБА не го препозна навреме нивниот колапс, па местото во елитното друштво да му го додели на МЗТ Скопје.

Се вчитува...