Проблем: Јувентус нема пари за Бернардо Силва?

Јувентус по вчерашните натпревари во Серија А падна на шестото место на табелата, па „старата дама“ сега на едно коло од крајот има само теоретски шанси во последната рунда да влезе во Топ 4 и да обезбеди учество во Лигата на Шампионите за наредната сезона.

А неиграњето во елитното европско натпреварување ќе има сериозни последици за буџетот, пред се за издвоените средства за трансфери за летниот преоден рок, па сериозно е во прашање доведено најзвучното засилување што Јуве го најави во последните месеци. Станува збор за Бернардо Силва, Португалецот реши да си замине како слободен играч во Манчестер Сити и начелно го договори доаѓањето во Јуве, за плата од осум милиони евра по сезона и богат бонус за потпис на тригодишниот договор.

„Црно-белите“ од Торино го имаа предвидено овој договор во буџетот за наредната сезона, но проблемот е во тоа што сега тој буџет е значително намален откако стана јасно дека клубот ќе загуби најмалку 40 милиони евра од неиграњето во Лигата на Шампионите (доколку не се случи чудо во последното коло од Серија А).

Во ситуација кога ќе биде неопходен и нов врвен напаѓач  (особено ако Влаховиќ си замине), но и засилување за одбранбената линија, лесно може да се случи Јувентус да ги смени плановите за летово и да го откаже потписот на Бернардо Силва.

Португалецот без поголеми проблеми ќе најде нов ангажман ако се знае дека Барселона испрати понуда за негов потпис, а на листата заинтересирани клубови се и Интер, Реал Мадрид, Баерн…

Се вчитува...