Проблем плус за Пелистер: Тешка повреда на Ампонсах, пауза од најмалку шест месеци!

Покрај тоа што нема ниту една победа и се наоѓа на последното место на табелата, Пелистер се соочува со дополнителни кадровски проблеми во продолжението на првенството. Играчкиот кадар е „тенок“, а сега капак на се е повредата на Принц Ампонсах од Гана. Тој вчера ја повреди, односно ја скина тетивата, по што следуваше операција и ќе следи долга рехабилитација.

Согласно најавите, ќе паузира можеби и до крајот на сезоната, или во најдобар случај ќе се врати некаде во финишот од шампионатот.

Ампонсах дојде во Пелистер од Тајланд, каде играше за неколку клубови. Сезонава во Првата лига одигра девет меча и даде еден гол со една асистенција.

Се вчитува...