Проблем пред Естонија: Без Димитијевиќ во најважниот натпревар

На утрешниот натпревар против Естонија кој може да биде директен меч кој ќе одлучи за последниот патник на Евробаскетот кој ќе се одржи во 2022 година, Македонија нема да ја има поддршката од еден од предводниците на нашиот состав, Ненад Димитијевиќ.

Бекот кој со 22 поени, 7 асистенции и 5 скока беше лидер на составот на денешниот натпревар се здоби со повреда на колото при крајот на последната четвртина, а привичните информации велат дека станува збор за повреда која не може да се санира за еден ден. Тоа го потврди и селекторот Тодоров на прес конференцијата по средбата.

„За жал останавме со играч помалку, утре нема да сметаме на Димитријевиќ кој се повреди“ – изјави селекторот.

Се вчитува...