Проблем за Алборг – се повреди Сандер Сагосен

Алборг ремизираше со ПСЖ, но уште поголем проблем за данскиот првак претставува тешката повреда што ја заработи Сандер Сагосен.

Норвешкиот ракометар се пожали на болка во пределот на карлицата, а деталните прегледи покажаа дека проблемот е сериозен и на Сагосен му се предвидува повеќемесечна пауза од терените. Искусниот бек требаше да биде еден од лидерите на Алборг, но сега го очекува нова пауза.

„Сето ова е неверојатно фрустрирачко бидејќи имав добра предсезона, се чувствував моќно на стартот на сезоната. Пред нас се серија тешки и значајни натпревари, секако дека сакав да бидам дел од тимот и да дадам свој придонес, но сега ќе морам да паузирам. Прогнозите велат дека паузата може да изнесува од шест до 14 седмици пред да можам да се вратам на терените“, изјави Сагосен за клупската веб-страница.

Се вчитува...