Проблем за Алиоски – Биелса носи нов лев бек во Лидс

Езгијан Алиоски го очекува тешка битка за првотимски статус во Лидс во премиерлигашката сезона откако беше обелоденето дека едно од првите засилувања на Марсело Биелса ќе биде токму позицијата лев бек каде Македонецот најчесто добиваше шанса во Чемпионшип-дивизијата.

Аргентинскиот стратег планира да ја засили одбранбената линија, па токму затоа е подготвен да тргне во офанзива по Дени Роуз. Поранешниот англиски репрезентативец си замина од Тотенхем по конфликтот со Жозе Мурињо, последните шест месеци ги мина на позамица во Њукасл, а Биелса сега е подготвен да плати пет милиони фунти за да го донесе искусниот дефанзивец на „Иланд Роуд“.

Нема сомнеж дека Роуз би бил фаворит за првотимски статус во Лидс на позицијата лев бек, па интересно ќе биде да се види дали аргентинскиот стручњак ќе го врати македонскиот интернационалец во нападот, со оглед на фактот дека Алиоски до сезонава беше стандарден на крилните позиции, пред да биде прекомандуван во лев бек.

Лидс покрај за Дени Роуз се интересира и за Фабијан Делф, а како идеално засилување за навалната линија се издвојува Џонатан Давид од Гент, кој сезонава постигна 23 погодоци во белгискиот шампионат.

Се вчитува...