Проблем за Англија – Деле Али ја пропушта Панама

Англија ќе биде значително ослабена на вториот дуел на СП 2018 против Панама, откако беше обелоденето дека Деле Али поради повреда ќе го пропушти овој натпревар. Асот на Тотенхем го повреди мускулот за време на премиерниот меч со Тунис, а прегледите покажаа дека повредата не е нималку наивна, па Деле Али ќе мора целосно да мирува во следните неколку дена.

Покрај пропуштањето на мечот со Панама, главниот организатор на нападите на Англија е неизвесен и за дуелот од третото коло со Белгија.

„Секако дека сум разочаран, се повредив во раната фаза од Mундијалот. Ќе навивам за момците, а потоа ќе сторам се за да можам да настапам против Белгија, тој меч ќе биде исклучително значаен за нас“ – изјави Деле Али.

Се вчитува...