Проблем за Феникс: Пол „во аут“ поради ковид-протоколи

Феникс би можел да биде сериозно ослабен за финалето од Западната конференција откако беше обелоденето дека Крис Пол е влезен во изолација согласно протоколите на НБА-лигата за Covid-19.

Нема конкретна информација дали Пол е позитивен или пак бил во контакт со лице што покажало позитивен тест во изминатите денови, ниту кога плејмејкерот на „сонцата“ би можеле повторно да го видиме на терените. Единствена среќна околност за Феникс е што овој тим е веќе пласиран во финалето, а второто полуфинале меѓу Јута и ЛА Клиперс е со резултат 2-2, поради што овие два тима ќе одиграат уште најмалку две средби, па Крис Пол нема да пропушти голем дел од финалната серија кога таа ќе започне.

Извонредниот плејмејкер беше фантастичен при победата со убедливи 4-0 во серијата против Денвер, во која Пол имаше просек од 25,5 поени и 10,3 асистенции, шутирајќи 62,9% од поле.

Се вчитува...