Интер се соочува со сериозен проблем пред самиот крај на сезоната откако Хакан Чалханоглу заработи нова повреда поради која турскиот фудбалер го очекува пауза од терените.
Тој неодамна се врати во првиот тим и веднаш се наметна како лидер на „нероаѕурите“ во отсуство на повредениот Лаутаро Мартинез, постигнувајќи значајни голови, како во Серија А, така и во реваншот од полуфиналето во Копа Италија и чудесниот пресврт против Комо.
Турчинот не настапи на вчерашното реми со Торино, по што денеска Интер преку клупско соопштение потврди дека станува збор за нова повреда на мускулот на овој фудбалер.
Неизвесно е дали Чалханоглу ќе може да се врати на терените, цел на „нероаѕурите“ е тој да биде оспособен за финалето на Копа Италија против Лацио закажано за 13 мај, но став на сите во клубот е дека нема да се ризикува ако тој не е стопроцентно фит, за со нова повреда да не се доведе во прашање неговиот настап на СП 2026 летово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

