Проблем за Јуве: Кедира се повреди пред Реал Мадрид

Паузата за репрезентативни настапи му донесе многу проблеми на Јувентус, откако по Алекс Сандро повреда заработи и Сами Кедира.

Германскиот фудбалер за врска се пожали на болка на коленото за време на дуелот со Шпанија и веднаш беше заменет, па се очекува тој во текот на денешниот ден да се врати назад во Торино. Во таборот на „старата дама“ се надеваат дека повредата не е премногу сериозна, но во секој случај мали се шансите Кедира да биде „фит“ за првиот четвртфинален меч од ЛШ против Реал Мадрид, што ќе се игра за десет дена.

Згора на тоа, тренерот Алегри нема да може да смета ниту на Пјаниќ и Бенатија, кои се суспендирани по жолтите картони заработени на реваншот од осминафиналето против Тотенхем.

Се вчитува...