Проблем за Клоп – Кутињо и Вајналдум „во аут“ за Вест хем

Ливерпул забележа рутинска победа над Марибор, но Јирген Клоп се соочи со нов проблем откако Џорџинио Вајналдум заработи повреда на скочниот зглоб. Холандскиот плејмејкер мораше да биде заменет уште во првото полувреме и сигурно го очекува пауза од терените извесно време.

Не делува премногу сериозно, но сепак има оток и како што стојат работите ќе паузира извесно време. Повеќе ќе се знае по деталните прегледи“ – изјави Клоп по дуелот со Марибор.

Она што е сигурно е дека Вајналдум нема да биде во комбинација за саботниот натпревар од Премиер-лигата, на гостински терен против Вест хем, а овој дуел ќе го пропушти уште еден стандарден првотимец на „црвените“, Филипе Кутињо. Бразилецот не настапи во саботата против Хадерсфилд, не беше во комбинација ниту за синоќешниот дуел со Марибор, но повредата очигледно не е наивна, па Кутињо нема да биде во тимот ниту за дуелот со „чеканите“ на Славен Билиќ.

Се вчитува...