Аргентинските фудбалери не дадоа изјави по поразот во финалето на Светското првенство, што беше чудно, па така не можевме директно од нив да слушнеме што се случило синоќа во Ист Радерфорд и зошто светскиот шампион доживеа таков неуспех.
Еден ден подоцна, кога на социјалните мрежи се појави видео снимено пред финалниот натпревар против Шпанија, јавноста во Аргентина со право се посомнева дека настанале проблеми меѓу играчите во соблекувалната.
На видеото се гледа како капитенот и неприкосновен лидер на тимот, Лионел Меси, со сериозен израз на лицето ги собира соиграчите и им вели…
„Ајде да заборавиме на се. Ајде само да играме“, им се обрати Меси на Емилијано, Лисандро Мартинез, Енцо Фернандез и на останатите.
„Ајде, момци, смирете се. Најважно е да останеме смирени. Да заборавиме на се. Ајде само да играме, момци.“
„Не знам многу детали, но играчите не одржаа прес-конференција, го напуштија стадионот без ниту една изјава пред камерите, а нема ниту објави на Инстаграм од нив или од членовите на нивните семејства. Очигледно не станува збор само за разочарување од поразот во финалето. Постои незадоволство поради нешто друго и не би се изненадил ако причината е судењето“, напиша еден аргентински навивач на мрежата „X“.
Новинарите чекаа два часа „Гаучосите“ да излезат од соблекувалната по финалето, по што им беше соопштено дека играчите нема да им се обратат на медиумите. Следеше целосен молк, кој трае и денеска.
Yo todavía sigo pensando por que messi dijo “olvidémonos de todo” como si algo paso antes de empezar (encima la cara que tenian rara) pic.twitter.com/4isTDquYkW
— Gonzx 🇦🇷 (@Gonzxarg) July 20, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
