Проблем за Милан: Леао нема дадено гол на „Сан Сиро“ дури 150 дена

Многу работи во играта на Милан вечерва ќе зависат од играта на Рафаел Леао, извонредниот крилен офанзивец кој постигна два гола за „росонерите“ во убедливиот триумф од 0-4 над Наполи среде Неапол пред помалку од еден месец.

Италијанските медиуми сепак потсетуваат на фактот дека Леао многу потешко се снаоѓа на натпреварите на домашен терен, каде ривалите играат позатворено против актуелниот освојувач на скудетото. Конкретно, Португалецот дури 150 дена нема постигнато гол на домашниот стадион на „росонерите“.

Тој последен пат стрелаше прецизно на дуелот со Фиорентина на 13 ноември 2022 година, предолг пост што би можел да го прекине токму вечерва, против екипата на Наполи во четвртфиналето од Лигата на Шампионите.

Се вчитува...