Проблем за Реал Мадрид: Куртоа е повреден, го пропушта Ливерпул?

Реал Мадрид претрпе пораз од Мајорка во последното коло од Ла Лига со кој сега се наоѓа осум бода зад лидерот на табелата Барселона. Покрај поразот „кралевите“ имаат и дополнителни маки откако останаа без услугите на Тибо Куртоа.

Белгискиот голман се поведил на загревањето за натпреварот со што во последен момент беше отстранет од почетните единаесетмина, а првичните прогнози не се воопшто добри. Тој со сигурност ќе го пропушти Светското клупско првенство кое ќе биде одиграно оваа седмица.

Покрај тоа е неизвесен и за натпреварот од осминафиналето во Лигата на Шампионите во кој мадридскиот тим за противник ќе го има Ливерпул. Првиот натпревар од нокаут-фазата ќе биде одигран на „Енфилд“ на 21. февруари.

Се вчитува...