Проблем за Сасуоло, Берарди во „аут“ еден месец

Италијанскиот калчолигаш Сасуоло ќе биде значително ослабен во наредниот период, откако посериозна повреда на коленото заработи напаѓачот Доменико Берарди. Тој ќе отсуствува од терените еден месец, и тоа сигурно ќе биде голем хендикеп за тренерот на овој тим, Кристијан Бучи.

Сасуоло претстојниот викенд му гостува на лидерот Наполи, а без Берарди шансите да извлече позитивен резултат се уште помали.

Се вчитува...